Ресторанот ,,Грне’’ се наоѓа во строгиот центар на конзулска Битола на плоштадот ,,Магнолија’’ во непосредна близина на Саат кула, симболот на Битола.

Почетоците на ресторанот ,,Грне’’ се во далечната 2002 година и од тогаш, во континуитет до денес представува поим за квалитетна храна.

Ресторанот располага со околу 100 седишта во објектот и околу 40 седишта во летната бавча.


Во прекрасниот староградски амбиент се служат прекрасните малку подзаборавени стари македонски специјалитети.
Тука ќе ги најдете домашните питулици, тавче гравче, пинџур, суви пиперки со компири, ширден, полжави, месо на сач,......и што ли уште не.
Без разлика дали поминувате ручек, вечера или вашите најзначајни фамилијарни веселби, поминете ги најпријатните мигови со вашите најблиски во овој прекрасен дом на вкусната национална храна.